еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Педесетти ден во Дебар нема новозаразени со коронавирусот

Денешните официјални податоци за состојбата со Ковид-19 потврдуваат дека и во последното деноноќие во Дебар нема новозаразени, што е 50-ти ден по ред.

Во оваа општина, која беше првото жариште на опасниот вирус и која еден месец беше во карантин, заедно со соседната општина Центар Жупа, бројката на заразени останува 51, од нив двајца од општина Центар Жупа.

Од вкупната бројка 47 се излекувани, додека четворица починаа.

И покрај тоа од општинскиот оперативен штаб го повторија апелот граѓаните и деловните објекти строго да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на вирусот, зашто како што додаваат: „тој сè уште е меѓу нас“.

Во исто време ги замолуваат граѓаните доколку имаат симптоми, како што е висока телесна температура, кашлица, грозница, да се јават во Работната единица за јавно здравје за да им биде земен брис.

Треба да се нагласи фактот дека и во двете општини и понатаму нема меѓусебни посети меѓу роднини, пријатели и соседи. Големите празници Велигден и Рамазан Бајрам минаа без вообичаените посети, а и ифтарските вечери за време на светиот месец Рамазан беа само во кругот на семејствата.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 19 заразени со Ковид-19 во Куманово, 17 се од општина Липково

Струмичанка, која се лекува на клиника во Скопје, позитивна на Ковид-19

Официјално: Рекордни 120 нови случаи на заразени со Ковид-19, во Скопје 67

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Караџовски: Британскиот сој е „чудовиште“ кое прави компликации за три дена и зафаќа бели дробови, глава, срце, црн дроб, бубрези

Редакција

Џафери предложи дополнувања на Деловникот за одржување онлајн седници

Редакција

(Фото) Претседателот Стево Пендаровски ги посети вработените во лабораторијата при ИЈЗ

Редакција