еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Убава вест: Сара Настеска до Охрид замина на лекување во Германија

Петнаестгодишната Сара Настеска од Охрид заедно со своето семејство отпатува за Германија каде ќе започне нејзиното лекување, овозможено благодарение на многу хуманитарни акции спроведени низ целата земја.

Нејзиното семејство упати огромна благодарност до сите што помогнаа за реализацијата на целта – почеток на лекувањето на Сара, на која во август и беше дијагностицирана Anemia Aplastica, болест што може да се лекува со трансплантација на коскева срж.

Донор на сржта ќе биде нејзиниот помал брат Виктор, кој исто така веќе е во Германија, а договорено е со медицинските екипи во текот на оваа седмица да почнат испитувањата што претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца.

За лекување на Сара во Германија беа потребни околу 200 илјади евра, средства што нејзиното семејство не можеше да ги обезбеди.

Парите беа собрани преку донации откако беше мобилизирана речиси целата јавност во Охрид, што потоа се прошири низ целата земја, демонстрирајќи ја хуманоста на поединци, лица од уметноста, пејачи, спортски клубови, институции, фирми, установи.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аукција на потпишани спортски дресови за помош на Сара

Општина Дебрца покажа како се може: Советот едногласно изгласал парична помош за Сара

СРАМОТА: Советниците од Општина Охрид не дадоа помош за нивната сограѓанка Сара

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дополнителни консултации дали Виктор Димовски ќе биде амбасадор во Франција

Редакција

Ковид-пасошите во ЕУ стануваат реалност, на невакцинираните ќе им треба негативен тест за да патуваат

Редакција

(Галерија) Избрани мажите на годината: Чадиковски, Димитров, Мукаетов, Јанески…

Редакција