еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Сите вработени во гевгелиските градинки негативни на корона вирусот

Резултатите од тестирањето,кое во рамки на скринингот го направи ПЕ на центарот за јавно здравје, покажаа дека сите 110 вработени во ЈОУ „Детска радост“ во Гевгелија се негативни на корона вирусот.

Со последните резултати, кои пристигнаа од лабораторијата на Центарот за јавно здравје од Велес,се покажа дека ниту еден вработен во шесте градинки на територијата на општина Гевгелија од кои три се во градот и по една во Богородица, Негорци и Миравци не е заразен од Ковид-19, односно дека сите се негативни на корона вирусот.

„Негативните корона тестови потврдија дека здравствената состојба на вработените е добра во пресрет на повторното отворање на градинките за децата што за нас секако претставува пријатна вест“, рече директорката Бети Стефановска.

Таа нагласи дека пред скринингот во сите објекти на шесте детски граднки била извршена дезинфекција,дезинсекција и дератизација и дека капацитетите и вработените во градинките се целосно подготвени за повторно прифаќање на децата во моментот кога одлуката за тоа ќе ја донесат надлежните власти во земјата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе мажи, најмногу на возраст од 40-49 години, детали за новите случаи на заразени со корона вирусот

Уште само 21 здравствен работник во Македонија заболен од корона вирусот

Никој од тројцата новопочинати од корона вирусот немал контакт со потврден случај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

73,6% од починатите од Ковид-19 во Македонија биле со претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест и дијабет

Редакција

Сведочење на полицаец за насилството во Собрание: Во толпата препознав и колеги

Редакција

(Видео+Фото) Пожар во зградата на Секретаријатот за европски прашања и МИА

Редакција