еМагазин
Image default
Бизнис

Убава вест: УНИ Банка ќе исплаќа камата од 9 отсто за перпетуалните обврзници

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9% на годиишно ниво на имателите на перпетуални обврзници, соопшти банката преку Македонската берза.

Исплатата на камата ќе се изврши на 22.07.2019 година. Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 21.07.2019 година.

Тргувањето со обврзниците во деновите 18 и 19 јули 2019 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 178 и 179 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 22 и 23 јули ќе треба да му го уплати износот  на чистата цена + акумулираната камата на продавачот“, информира банката.

При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 22 и 23 јули 2019 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата.

Фото: УНИ Банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Склучени осум договори за земјиште на поранешниот агрокомбинат„Џумајлија“

Редакција

Бислимоски за МИА: Цената на струјата нема да рефлектира покачување на производите

Редакција

„Гранит“ ќе дели дивиденда во бруто износ од 30 денари по акција

Редакција