Доцна синоќа, во рамките на скринингот, направени се тестови на 22 лица со поширока индикација и сите 22 теста се негативни на вирусот, информираше Министерство за здравство.
„Бројката на заболени со вирусот во земјата е 42 лица. Пациентите се стабилни и кај ниту еден нема влошување на состојбата. Во текот на денот епидемиолозите ќе работат на мапирање на контактите на пациентите кои вчера беа дијагностицирани на коронавирус, а на служба во Дебар заминува педијатар од Скопје.
Во авионите кои вчера пред затворање на аеродромот слетаа во Скопје немаше патници суспектни на болест. Сите патници се во задолжителна само-изолација,“ се вели во соопштението на Министерство за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БРАВО: Гифти текс од Прилеп на свој трошок почна да произведува заштитни маски, кои ќе се донират
Вкупно 42: Седум новозаразени со корона вирусот, тројца од Дебар, четворица од Скопје