еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Убава вест: Во Дебар нема повеќе заболени од корона вирусот, оздраве и последниот пациент

Според официјалните податоци, што беа соопштени денеска, за состојбата со корона вирусот во државава, потврдено е дека во Дебар нема новозаразени, а негативен е и тестот на последниот случај кој беше присутен во градот.

„Во нашиот град повеќе немаме новозаразени од опасниот вирус. И за последниот случај што го имавме вториот контролен тест излезе негативен, што значи дека и тој е впишан во списокот на лицата кои ја добија битката со овој вирус.

Вкупната бројка на заразени останува 51 од кои двајца од Центар Жупа. За жал четворица од заболените починаа,“ изјави за МИА градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Посочи дека нема лица ниту во изолација, ниту пак во самоизолација.

Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб сепак апелира до граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат препораките и мерките на надлежните, затоа што, како што додава „битката е добиена, но не и војната со невидливиот непријател“.

Инаку дебрани и понатаму се мошне доследни во почитувањето на препораките и мерките. Забраната за движење во периодот од речиси два месеца ја прекршиле помалку од десет лица.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 807: Нови 69 излекувани пациенти од коронавирусот во Македонија

Вкупно 1.494: Нови 29 случаи на заболени со коронавирусот во Македонија

Вкупно 81: Четири новопочинати од коронавирусот, дури тројца од Прилеп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Партиите во нов обид за компромис за Законот за јавно обвинителство

Редакција

Притвор за Томор Морина, кој беше уапсен во Македонија по потерница на Интерпол-Србија

Редакција

(Фото) Царината заплени непријавени 329 раствори за инјекции за визуелизација при магнетна резонанца

Редакција