еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Убава вест: Во Охрид и Дебрца веќе нема заболени од коронавирусот

Во општините Охрид и Дебрца веќе нема активни пациенти, односно лица позитивни на Ковид-19, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.

Оттаму соопштија дека сите 15 лица кои беа позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата се оздравени.

Во Центарот за јавно здравје во Охрид изминатата седмица биле земени материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на Ковид-19 од вкупно 76 лица и тоа 24 во Охрид и Дебрца, 34 од Струга и Вевчани, како и од 18 лица од општините Дебар и Центар Жупа

-Од вкупно земените материјали, 48 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 22, Струга и Вевчани 24, Дебар и Центар Жупа 2), а 28 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МојТермин (Охрид и Дебрца 2, Струга и Вевчани 10, а Дебар и Центар Жупа 16).

Од тестираните лица во овој период во општина Охрид и Дебрца не е лабораториски дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај ниту едно лице, едно лице од општина Струга е позитивно на Ковид-19, а во општина Дебар и Центар нема нови позитивни.

Оздравени пациенти од општина Охрид се девет, од општина Струга се седум, а од Дебар се двајца.

Во Охрид денеска веќе нема активни лица позитивни на Ковид-19. Во овој период почина едно лице од Струга позитивно на вирусот, се наведува во соопштението од Центарот за јавно здравје.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од коронавирусот почина пациент од Велес на 58 годишна возраст

Раст: 36 нови случаи на заболени со коронавирусот, најмногу во Тетово

Убава вест: Излекувани уште 13 пациенти од коронавирусот, вкупно 1.112

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 815 случаи со Ковид-19, четворица починати и 1.252 оздравени

Редакција

Нормално е да има испади во капацитети за производство на струја стари 40 години, оцени Ковачевски

Редакција

Пендаровски за спорот со Бугарија: Во овој момент сум реалист и умерен оптимист

Редакција