еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Во Пехчево оздраве уште еден пациент заболен со коронавирусот

Оздраве уште еден пациент со коронавирусот во Пехчево. Поранешниот лекар во пензија кој сакајки да ја покаже својата несебична хуманост и даде свој придонес во справувањето со Ковид-19 пред повеќе од две недели се зарази и стана вториот позитивен на коронавирус, а денес тој е без симптоми на болеста.

Од здравствениот дом во Пехчево информираат дека пациентот е во добра состојба и наскоро се очекува целосно негово оздравување.

– Денешната добра вест која ја соопштија и од Министерството за здравство е дека вториот пациент со Ковид-19 е оздравен со што бројката на активни случаи во нашата општина изнесува еден пациент.

Според наши сознанија пациентот е во добра општа состојба и се очекува наскоро и тој да влезе во статистиката на оздравени пациенти, информираа од Здравствениот дом од Пехчево.

Во околните градови во пијанечко-малешевскиот регион, еден активен случај има во беровското село Владимирово.

-Откако беше објавен првиот случај на коронавирусот во Берово, лицата кои биле во контакт со заразената се тестирани и засега за среќа нема нови случаи на појава на вирусот во нашата општина, информираа надлежните.

Единствениот смртен случај во четирите општини на крајниот Исток е регистриран во Делчево. Станува збор за пациент кој иако на последните два теста бил негативен на коронавирус, имал тешка здравствена слика по што починал.

МИА/Фото: Општина Пехчево

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Прилеп петмина новозаболени од корона вирусот

Убава вест: Оздравени 24 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.229

Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка достигна 95

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски во САД го зел и синот, вели оти тој платил за неговото патување

Редакција

Што пишуваат светските агенции: Договорот од Преспа е се уште актуелен и покрај неуспехот од референдумот

Редакција

Предвремени избори за градоначалник во Штип и Пласница на 13 декември

Редакција