еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Убава вест: За време на пандемијата со коронавирусот во Гевгелија склучени 14 бракови

Од почетокот на пандемијата со коронавирусот до денеска во Гевгелија се склучени 14 од вкупно 25 бракови колку што се заведени годинава во матичната книга, соопштија од подрачното одделение на Управата за водење на матични книги во Гевгелија.

Последната регистрација, посочија, се случила деновиве, поточно на 10 април меѓу девојка од Скопје и момче од Гегелија што значи дека коронавирусот ги одложи свадбените веселби, но не и регистрациите, кои со одредени рестрикции поради почитувањето на мерките за заштита од ширење на инфекцијата, се одвиваат нормално.

Единствената рестрикција, велат, е ограничениот број за присуство на церемонијата на само пет лица за да се запази социјалната дистанца, а тоа се двајцата што стапуваат во брак, двајцата сведоци и матичарот.

МИА/Фото: Општина Гевгелија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Во Дебар расте бројот на оздравени, новозарзени нема веќе 12 дена

Во Велес во вторник по Велигденските празници, припадници на АРМ ќе ги контролираат влезовите на банките поштата, маркетите и Градскиот пазар

Убава вест: Од коронавирусот во Македонија излекувани уште 12 пациенти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска почнува аплицирањето за зелена карта за САД, како да се пријавите?

Редакција

Од утре пороен дожд со грмежи, од петок заладување и врнежи од снег

Редакција

Илија Димовски загрижен за ковид состојбата во Велес: Барам од Филипче да се испитаат причините за високата смртност

Редакција