еМагазин
Image default
Македонија

Љубчо Георгиевски за истрагата на СЈО: Немам ништо со приватизацијата на Поштенска банка

Ви ја пренесуваме реакцијата на Љубчо Георгиевски за новата истрага на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Поштенска банка“, објавена на неговиот Фејсбук профил:

“Пред неполна година бев повикан во СЈО каде ми беше презентирана бомба – разговор на Томица Главчев со висок функционер на власта од кој барајки одредени услуги го спомнува и Никола Груевски во контекст на неговата банка.

Односно дека Груевски во првата влада побарал од него да учествува во приватизацијата на Поштенска банка.

Кога бил викнат во СЈО ја сменил изјавата, па рекол дека во кабинетот на Георгиевски како премиер бил повикан тој, а Јас, Никола Груевски и Марјан Ѓорчев имаме побарано од него да учествува во приватизацијата.

Откако енергично негирав дека никогаш немало таков разговор тој пак ја сменил изјавата дека тој сам бил повикан од мене и таму имало неколку советници од владата, при што понудив да му ги покажат сликите од советниците затоа што имав само девет и лесно ќе ги препознае.

Сите други обвинети доблесно негирале дека никогаш со мене не воделе разговор за приватизацијата на Поштенска банка.

И тогаш пред СЈО и сега пред јавноста недвосмислено изјавувам дека немам ништо со приватизацијата со Поштенска банка, а уште помалку со второто дело за кое ги товарат.

Се работи за јасни постапки на приватни бизнисмени каде што целиот интерес е профит за нивните фирми. Од сите обвинети личности во животот едно пиво се немам напиено.

Жал ми е што и покрај тоа што во СЈО самите ми потврдија дека Томица Главчев три пати ја сменил изјавата повторно решиле да го извалкаат моето име“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага „Поштенска банка“: Георгиевски и Груевски поради застареност на делото нема да бидат гонети од СЈО

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три нови случаи на Ковид-19 од нови кластери во Струмица

Редакција

Судијката Весна Димишкова повикана во Обвинителство за „Рекет“

Редакција

Нови 87 случаи на Ковид-19, 141 оздравени и тројца починати

Редакција