еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Јубилеен 15. Марш на црвените чадори: Побезбедни услови за работа и подобро законско решение за сексуалната работа во земјата

Оваа година, сексуалните работници одбележуваат јубилеј – 15 години Марш на црвените чадори.

„По повод одбележувањето на 17-ти декември – Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници, ние, сексуалните работници, здружени во СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, заедно со нашите партнери и поддржувачи ХОПС-Опции за здрав живот Скопје, ТрансФормА и Коалиција МАРГИНИ, во рамки на овогодинешната кампања „15 години колективен глас против насилството врз нас“, ја известуваме јавноста за одржување на петнаесетиот Марш на црвените чадори во Скопје.

Јубилејниот Марш на црвени чадори ќе се одржи на 17.12.2022 (сабота) со почеток во 12:00 часот. Традиционално, Маршот ќе започне на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза на ул. „Македонија“ и ќе заврши на плоштадот „Филип II“. Пред почетокот на Маршот, претставници на заедницата ќе дадат изјави за медиумите,“ се вели во соопштението.

Овогодинешната кампања тие ја посветуваат на 15 годишниот јубилеј, преку ретроспектива на изминатите маршеви на црвени чадори, на сите нивни успеси, постигнувања, јавни пораки и барања, но и предизвици и проблеми со кои се соочувале низ годините во борбата против насилството и дискриминацијата.

„Првиот Марш на црвените чадори беше одржан во Скопје на 17-ти декември 2008 година, во организација на здружението ХОПС и тогаш неформалната група СТАР-СТАР. Првите три години јавните протести на сексуалните работници беа симболични и се одвиваа без присуство на медиумите, што пак се должеше на стравот да излеземе во јавност и јавно да зборуваме за нашите проблеми и потреби.

Но, од година во година станувавме се похрабри и погласни во борбата против насилството, стигмата и дискриминацијата и благодарение на Вашата медиумска поддршка овие јавни настани добиваа се поголема видливост. Повеќе не сме скриени во општеството и зборуваме во свое име,“ се додава во соопштението.

Од таму велат дека денес, достоинствено маршираат низ Скопје, заедно со голем број сојузници, активисти и поддржувачи.

„Денес, гордо ги застапуваме нашите човекови, здравствени и работнички права пред институциите и општата јавност. Денес, бараме подобри и побезбедни услови за работа. Денес, бараме подобро законско решение за сексуалната работа во земјата.

Денес, бараме декриминализација на сексуалната работа,“ бараат сексуалните работнички.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка воведе нов Брз потрошувачки кредит

Редакција

SkyShowtime го прославува активирањето во Македонија со понуда за половина цена засекогаш

Редакција

„Прошетка со лавот“ неверојатна приказна за љубовта и животот, ексклузивна премиера на 15 ноември само за корисниците на МТЕЛ

Редакција