еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Учебник по социологија за втора година средно го „запали“ Твитер

Учебник по социологија за втора година средно образование издаден во 2002 година, во кој се омаловажува и дискриминира жената предизвика лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

Имено во лекциите на тема криминал, меѓудругото во учебникот пишува:

„Причините за различното учество на жените во криминалитетот се објаснуваат со општествената положба на жената. Ако жената е затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа нема можност да прави кривични дела.

Жената на тој начин е заштитена од многу комуникации, одговорности, ангажмани, натпревари, конфликти и е упатена да се грижи за семејството, а со тоа помалку е изложена на влијанието на објективните криминогени фактори. Во услови на поголема општествена активност можно е да дојде до поголема криминална активност особено кај некои видови кривични дела“.

Во учебникот стои и дека: „прељубата е кривично дело“, но и абортусот, за кој со закон е утврдено дека е право на избор.

„Жените во помал обем ги извршуваат и следниве кривични дела: прељуба, недозволен абортус, уцени, кражби, кривоклетство“.

Во истата лекција стои и дека:

“Најчеста појава предизвикана од несоодветното однесување на поединците во општеството е криминалот. Тој се разликува од другите облици на девијантно однесување затоа што при криминалното однесување се прекршуваат законските норми, што не е случај со другите девијантни појави каде се прекршуваат моралните норми. Така на пример, една жена која има желба често да ги менува своите љубовни партнери, заедницата ја нарекува неморална, лесна жена…“.

Еве дел од твитовите:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во казино во скопски Капиштец убиен 46-годишен жител на Арачиново

Редакција

Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ – Скопје вработува четири службеници

Редакција

Американската амбасадорка: Од Софија и други слушнавме многу агресивен јазик за ситуацијата во Македонија, кој не е заснован на факти

Редакција