еМагазин
Image default
Да помогнеме

Учениците од „Михајло Пупин“ денеска собираат средства за лекување за нивниот другар Давид Мартиноски Исоски

Учениците од „Михајло Пупин“ денеска ќе собираат средства за лекување на нивниот другар и ученик во тоа училиште Давид Мартиноски Исоски.

„Да помогнеме секој како може и колку може. Ако ништо повеќе, тетратките од оваа школска година да ги донираме во стара хартија, наместо кафе да донираме и да го помогнеме неговото лекување во Клиниката Confraternitat во Виена.

За таа цел во СЕТУГС „Михајло Пупин“ се организира хуманитарен музички хепенинг денеска со почеток во 13 часот и донации.

За забавата ќе се погрижат за отворањето Гораст Цветковски, за музика диџеј Зец, 2Бона.

Се покануваат сите добри луѓе, ученици, пријатели, професори, другари, родители и секој кој што сака и може да допринесе на кој било начин да дојде да ни се придружи и да подаде рака и морална поддршка во битката и војната што ја водат Давид и неговото семејство“, се вели во апелот на учениците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Давид Мартиновски Исоски: Сите мои мечти и соништа се стопија во еден и единствен, да оздравам

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јани е во иста состојба како и Леонид, потребни се средства и за негово лекување кое се одвива во Лариса

Редакција

Благојче Стојанов од Штип има тумор на мозокот, потребни се средства за операција во Турција

Редакција

47-годишниот Владо Симјановски треба да се оперира од рак на бели дробови, потребни се средства

Редакција