еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Учесниците на Парадата на гордоста со завршен настан на Школка

Втората Парада на гордоста во Скопје започна напладне со марш од паркот „Жена Борец“, и продолжи низ центарот на градот, преку Владата до Градскиот парк.

Граѓани на различна возраст со знаменца „Skopje Pride“ се дел од маршот, а дел од транспарентите гласат „Нашата порака е посилна кога нашите гласови се обединети“, „Љубов вон ѕидовите“…

Парадата е предвидено да заврши кај Школка во Градскиот парк, а организатор на настанот е Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Годинава мотото на Парадата на гордоста е „Вон ѕидовите“. Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе.

– Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество, велат организаторите на Парадата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Шекеринска на Парада на гордоста: „Секој е слободен да биде она што е“

(Фото) Пендаровски со сопругата Ѓоргиевска учествуваа на Парадата на гордоста: „Почит кон различностите“

(ВИДЕО) Втора Парада на гордоста во Скопје

МИА/Фото: Скопје прајд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УХМР предупредува: Град, пороен дожд, грмежи и ветер во следните денови

Редакција

(Фото) Заев на ифтар со шеикот Ал Нахјан во Обединети Арапски Емирати

Редакција

Детален преглед: Какви хронични заболувања имале вакцинираните лица кои минатата недела починале од Ковид-19

Редакција