еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Угостителски објекти од кои најголем дел во Чаир и Тетово не ги почитувале протоколите

Угостителски објекти од кои најголем дел во Чаир и во Тетово не ги почитувале протоколите, работеле по 22 часот и служеле гости во затворен простор. Против нив се поднесени кривични пријави, информира денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

На прес-конференцијата во Владата, Пауновски посочи дека при направените контроли откриени се и 24 угостителски субјекти кои не биле регистрирани.

На нив им е изречена прекршочна мерка и даден им е рок од 30 дена да се регистрираат, а доколку не го сторат тоа, ќе бидат затворени и ќе добијат повисока казна.

– За жал има и такви кои не ги почитуваат протоколите и кои ја користат оваа состојба и мислат дека може да работат како нерегистрирани. Во контролата со финансиската полиција во последниве денови имаме направено записници за непочитување на протоколите и изречени се 11 кривични пријави кои во следните денови ќе бидат доставени до Обвинителството и судот, рече Пауновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мекици Охрид“, „Слава Ресен“, „Свадба Скопје“, „Ифтарски вечери“ и „Погреби“: Во Македонија има 40 големи кластери

Во сите скопски општини скокнала бројката на новозаразени со корона вирусот, Чаир на врвот со 306

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер „тежок“ 15 милиони евра: Кои се деветте компании кои ќе ги поправаат државните патишта?

Редакција

Панделески: Не е проблем да се спогодам и јас за „Империја“, но прво Обвинителство да каже дека сум невин

Редакција

Зијадин Села поднесе оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците

Редакција