еМагазин
Image default
ЖИВОТ

УХМР: Можност за невреме со пороен дожд и силен ветер во попладневните часови

Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и северните делови.

Ќе дува умерен, во источните делови засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со поинтензивен пороен дожд и силен ветер, особено во северните делови, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени целзиусови, а УВ индексот ќе достигне до 8.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален дожд и грмежи, а доцна попладне ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со поинтензивен пороен дожд и силен ветер.

Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Ќе има и повремен локален дожд со грмежи, утре во првата половина од денот, а во следните два дена во попладневните часови.

Потоа до петок ќе преовладува стабилно и многу топло време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Седуммина пациенти се уште се во критична состојба

Редакција

Мијте ја косата по излегување надвор, коронавирусот се пренесува и преку неа

Редакција

Викендов нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција