еМагазин
Image default
Локално

Украдено „БМВ“ кај Скопско кале

Непознат сторител вчера попладне украл патничко моторно возило „БМВ 530“ од улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 976.000 денари.

Како што информира МВР, возилото било со шведски национални ознаки, а во него имало лап – топ и куфер со облека.

Настанот вечерта го пријавил Л.Ч. (34) според кој, кражбата се случила во периодот меѓу 14 и 19 часот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкохолизиран штипјанец побарал интервенција од полиција, па нападнал полицаец

Редакција

Детали од Обвинителството како се случило убиството на момчето во Ново Лисиче

Редакција

Штипјанец се заканувал на медицинскиот персонал и сакал насилно да влезе на Инфективното одделение

Редакција