еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Улични библиотеки низ Скопје: Одлична иницијатива но за кого, ќе ги уништат

Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје поставија улични библиотеки на три локации и тоа во дворот на ДКЦ „Капрош“, во Градскиот парк и во Ибни Пајко парк.

Како што информираат од ДКЦ „Карпош“, целта на библиотеките е да се направат книгите достапни за сите.

-Луѓето можат едноставно да земат книга и кога ќе ја прочитаат можат да ја вратат или пак да ја подарат на пријателите. Доколку имате книги што мислите дека другите би уживале во нивната содржина, можете да ги оставите во било која улична библиотека на посочените локации, се вели во соопштението на ДКЦ „Карпош“.

Од таму посочуваат дека книгите се бесплатни и можат да бидат вратени или разменети за друга книга. Урбаниот дизајн, како што велат, ќе го привлече вниманието на секој читател.

-Уличните библиотеки се прозорец во умот на општеството, бидејќи книгите се оставаат и земаат никој не треба да ги проверува дали се тука или не. Да ја разбудиме свеста за книгата како најдобар другар која не води низ животот, порачуваат од Детскиот културен центар „Карпош“.

Фото: Општина Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филмот „Луѓе без земја“, последното сведоштво на револуционерката Вера Фотева на „Телма“

Редакција

(Фото) Најубава вест: Собрани 50.000 долари за малиот Јаков

Редакција

(Фото) Зошто да се изучува италијанскиот јазик? – настан во рамките на Неделата на италијанскиот јазик

Редакција