еМагазин
Image default
Интервју

Уметноста го менува светот и покрај сите органичувања

Премиерата на претставата „Чиста хеорина“ се случи на 28 април, а следните изведби ќе бидат на 16 и на 19 мај во Јавна соба. Загорка Поп-Антоска Андовска е драмски автор, а Ѓорѓи Ризески, режисер, во претставата играат Марко Илиќ и Надица Петрова. Автор на оригинална музика за претставата е Александар Андовски.

Нов и многу интересен тандем драмски автор – режисер, Загорка Поп Антоска Андовска со Ѓорѓи Ризески. Професор и студент. Интересна комбинација. Како се договоривте да соработувате на овој проект?

Загорка: Ѓорѓи го запознав пред повеќе години, како студент на театарска режија на Универзитетот ЕФТА. Слушаше изборен Драматургија. Уште во првиот момент сфатив дека станува збор за млад човек со голем духовен и креативен капацитет.

Тој посетуваше фонд на часови и пишуваше драми исто колку и студентите на катедра Драматургија. Беше посветен и вљубен во театарот и драматургијата, и таа љубов не исчезна низ сите години на студиите. Потоа се запиша на специјалистички студии на Драматургија.

Нашата доверба и реалација е градена на взаема почит. Кога предложи да работи мој текст, лани некаде во Мај ми беше посебно мило. Пред се затоа што верувам во него како режисер, а и низ годините станавме добри пријатели, и секогаш одлично функционираме. „Чиста хероина“ е претстава која докажа дека моите проценки за неговата даровитост како режисер и театарски човек биле исправни. Направи одлична претстава.

Ѓорѓи:  Енергијата која сме ја имале низ часовите, сите разговори кои сме ги воделе низ процесите на пишување на моите драми, дебатите за тајните на драматуршкиот занает доведоа сега ја да преточиме таа убава енергија во една поинаква форма – театарска претстава.

Бев привилигиран, уште одамна, мислам дека бев втора година на студии кога професорката го напиша текстот Лична Ангелина, да го прочитам пред сите. Уште во тој момент посакав еден ден да го режирам. Ме одушеви начинот на кој е напишан, убавината на стихот комбинирана со суровоста на дејствијата. Ете тоа далечниот почеток на овој проект, во режисерката мислам на еден студент по режија.

„Чиста Хероина“ е насловот на преставата работена според текстот „Лична Ангелина“ на Загорка Поп-Антоска Андовска. Мотивот на кој се заснова драмата е епската песна Болен Дојчин. Текстот е напишан во стих, со архаичен говор, а претставата е исклучително модерна. Како успеавте?

Загорка: Зборувавме многу за тоа дека на текст инспириран од епска песна, напишан во стих, со архаизми му требаат силни контри. Му треба спротивставување. Ѓорѓи со актерите Надица Петрова и Марко Илиќ го направи тоа маестрално.

Ѓорѓи: Едноставно, темата со која се занимава текстот, режисерски гледано е актуелна посебно во ова време во кое лесно човек може да заборави што сака. За да допреме до современиот гледач, за да ја префрлиме пораката преку театарската рампа моравме да трагаме и да изнајдеме ултра модерен пристап кој нема да го девалвира стихот, и архаизмите, туку ќе направи совршен микс. Се надевам дека успеавме.

Што беше појдовниот мотив, Загорка, за да го напишете овој текст односно вие Ѓорѓи да ја поставите оваа претстава?

Загорка: После антологиските драми на Ѓорѓи Сталев и Благоја Ристевски Платнар, напишани според истата епска песна, беше огромен предизвик да се пишува трета драма. Мотивот беше да се стави, суштински, во центарот на дејствието Лична Ангелина, која низ својата женска перспектива ќе ги превземе нештата во свои раце. И повеќе не е пасивна извршителка на наредби, туку хероина која дејствува согласно своите убедувања.

Ѓорѓи: Секогаш кога бирам текст што ќе го работам, се прашува што имам со преставата да му кажам на совремниот човек. На обичниот човек. А овој текст има навистиа што да каже. Пораката е силна и актуелна, воедно и вечна, и тоа го прави голем текст напишан од голем автор.

Живееме во време во кое вредноста е девалвирана, етиката и моралот се напуштени, љубовта е потрошена. Каков коментар на стварноста испраќа вашата претстава?

Загорка: Ги губиме наштата, ги испуштаме важните работи низ раце, трудејќи се да фатиме некој миг од стварноста кој има многу минлива вредност. Ја ставаме душата на коцка, за некаква лична, материјалnа вредност. А времето безмислосно минува.

Стереотипите не уништуваат. Кога ќе се свртиме наназад, а тоа време многу брзо ќе дојде, кога ќе направиме рекапитулација на животот ќе сфатиме дека болниот дух на секојдневиото не изел јадејќи го времето сме го имаlе, па сме го изгубиле.

Ѓорѓи: Љубовта во секоја смисла на зборот  е обезвреднета. Е ограничена. Патиме од некакви правила, кодекси, се водиме од некои веќе утврдени норми против кои не се бориме, туку слепо ги следиме. Околината, семејството, верата, нацијата, професијата…. се нешто може да застане на патот на чистата љубов. Треба да го освестиме тој момент, и на индивитуално и на колективно ниво.

За проектот побаравте, но не добивте никаква финансиска поддршка од институциите. Се оддлучивте да го реализирате без фикансиски средства како прв проект на ДАСТА Нетворкинг платформата, иницијатива на Центар за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ познат како ДАСТА Академија. Дали и покрај се вашата уметност може да го смени светот?

Загорка: Уметноста го менува светот и покрај сите ограничувања. Почнува индивидуално, во срцето на гледачот, на поединецот. Го тера да мисли, да чувствува, го кине и дроби од внатре, го преиспитува, го менува. Во тој интимен процес парите не играат никаква улога. Затоа и создаваме уметност без разлика на сите ограничувања.

Ѓорѓи: Се додека се сака театарот и се има желба да се работи, треба да се создаваат претстави. Денеска имаме потешки услови, утре ќе имаме подобри. Тоа не значи дека треба да седиме и да го чекаме Годо. Има големи шанси да завршиме како Владимир и Естрагон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мојсовска-Иванова: Не сум личност која експериментира, затоа Ланголо ми е сигурен избор

Редакција

По војната во Украина, ќе има радикални промени не само во европската, туку и во светската политика, вели украинската амбасадорка Задорожњук

Редакција

Гарванлиев за „еМагазин“: „Here I stand” е чиста искрена емоција исткаена во еден здив, од сите бури, разочарувања и надежи

Редакција