еМагазин
Image default
Македонија

Унгарија нема да го екстрадира бегалецот Никола Груевски ни за случајот „27 април“

Порталот А1он објави дека Унгарија нема да го екстрадира поранешниот премиер, а сега бегалец, Никола Груевски ниту за настаните поврзани со 27 април.

Информацијата за А1он ја потврдуваат и од Министерството за правда.

„Примено е известување дека Врховниот регионален суд донел конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Никола Груевски, бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија.

Во согласност со актот бр. 38 за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е дадено азил нема да се екстрадира во државата од која избегал“, велат од Министерството за „А1он“.

Претходно Унгарија одби екстрадиција на Груевски по барањето за издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето против Лидија Димова продолжува на 3. март

Редакција

Суд во Солун ослободи македонски државјанин уапсен под сомнение за трговија со дрога

Редакција

Бочварски ја презеде од Сугарески функцијата министер за транспорт и врски

Редакција