еМагазин
Image default
Македонија

Унгарска Влада: Груевски доби „фер процес“ како кој било друг кој побарал азил

Портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач на прес конференција во Брисел повтори дека сите процедури околу азилот на експремиерот Груевски се во согласност со меѓународното право и правила.

Тој рече дека Груевски добил „фер процес“ како кој било друг кој побарал азил во Унгарија и дека тој процес е независен, и не го води владата.

Запрашан дали владата беше инволвирана во превозот на Груевски до Унгарија Ковач изјави само кусо:

„Унгарија колку што е инволвирана во тоа ги следеше сите меѓународни правила во согласност со меѓународните стандарди“.

Тој додаде дека не гледа дека ова прашање се поставува на другите баратели на азил во Европа.

Поврзано со ова, унгарскиот портпарол беше запраша дали тоа значи дека нема доверба во судскиот систем во Македонија.

-Имплицирам, и го видовте тоа во еден мој твит, дека агенциите на Европската комисија и другите меѓународни агенции кои извесуваат за Македонија дадоа неколку причини според кои ова прашање се мери. Но уште еднаш ова не беше процедура на владата, туку на независна агенција, агенцијата секогаш го следи тој протокол за секој индивидуален случај и секогаш обезбедуваме основ и рамка за фер и еднаков процес за сите – изјави Ковач.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Груевски снимен во познат и скап ресторан во Будимпешта и бега од новинарот на прашања

Дописникот на британски „Гардијан“ го фотографираше Груевски во Будимпешта

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двете новопочинати лица од коронавирусот во Македонија имале претходни заболувања

Редакција

Убава вест: Оздравени 106 пациенти кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Ковид центар Тетово: Eдинаесетте починати не се од еден ден, има софтверска грешка

Редакција