еМагазин
Image default
Македонија

Унгарската амбасада во Тирана не сака да коментира дали Груевски минал една ноќ во амбасадата

Унгарската амбасада во Тирана ниту ја потврдува, ниту ја демантира информацијата на некои регионални медиуми дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски, една ноќ минал во оваа амбасада, по што, од Меѓународниот аеродром во Тирана заминал за Будимпешта.

За тиранската телевизија „Топ чанел“, од амбасадата кусо одговориле дека: „не ги коментираат процеси кои се во тек“, поаѓајќи од фактот дека барањето за азил на Груевски се разгледува во Будимпешта.

Во меѓувреме албанската полиција на граничните премини „Ќафасан“ на албанско-македонската граница кај Струга и аеродромот во Тирана врши верификација на тврдењата дека Груевски во Унгарија заминал преку Албанија.

Полициски извори потврдуваат дека се контролираат списоците на лица кои влегле или излегле од албанска територија, а ќе се проверуваат и безбедносните камери од двата гранични премини.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како избега Груевски: Освен двата одземени пасоши имал ли и трет со друг идентитет?!

Српска „Политика“: Груевски со лажен пасош побегнал преку Албанија, со „Малев“ од Тирана летал до Будимпешта

Унгарски медими: Груевски најверојатно влегол во Унгарија со возило од Србија, со помош на српските власти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија бара да продолжи спроведувањето на Договорот со Грција: Цензусот беше премногу висок

Редакција

Ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже од потпретседател на Собранието, тоа ќе го стори и СДСМ, вели Заев

Редакција

Кумановскиот градоначалник Димитриевски во „Топ тема“: Уште двајца починати од корона вирусот

Редакција