еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Унгарски европратеник: Не би ме изненадило бегството на Груевски да е во договор со разузнавачките служби на другите земји на ЕУ и на САД

Унгарија сѐ уште не и дала официјални одговори на Европската Комисија за статусот на поранешниот премиер Никола Груевски.

Штурите одговори на Европската Комисија за азилот на Груевски во Унгарија во голем дел се должат на недостатокот на информации од страна на официјална Будимпешта, велат за МИА извори во европската извршна власт.

Унгарија сѐ уште воопшто не потврдила официјално дека му одобрила азил на Груевски, ниту пак има обврска тоа да го стори, велат во ЕК. Унгарските власти на Европската Комисија и порачале дека имаат обврска да го информираат Високиот Комесаријат за бегалци на Обединетите Нации.

Поради тоа и Европската Комисија очекува дополнителни објаснувања од страна на владата на Виктор Орбан за причините и основите за доделување азил, како што порача денеска портпаролот на Европската Комисија, Маргаритис Шинас, но и еврокомесарот Јоханес Хан вчера.

Друг проблем е што поради отсуството на официјални информации за статусот на Груевски, нејасно е дали Унгарија му одобрила статус на бегалец или супсидијарна заштита. Иако се слични овие два статуса носат различни права и слободи за бегалецот.

Доколку на Груевски му е одобрен статус на бегалец, во тој случај тој за пет години од добивањето на статусот ќе има право слободно да работи и живее во која било земја на Европската Унија, објаснуваат извори во ЕК. Ќе може и слободно да патува низ ЕУ согласно правилата на Шенген, односно да не престојува повеќе од 90 дена во друга земја на Шенген зоната.

Доколку пак Груевски добил супсидијарна заштита, тој статус во принцип е лимитиран во времето, а неговата слобода на движење во остатокот од земјите на ЕУ е ограничена, објаснуваат во ЕУ.

Во разговор со МИА, европратеникот од Унгарија Бенедек Јавор, вели дека и јавноста во Унгарија бара одговори од Владата за статусот на Груевски, но неизвесно дали некогаш ќе ги добие.

Јавор пред два дена побара одговори од еврокомесарот Димитрис Аврамопулос за легалноста на азилот на Груевски во земја членка на ЕУ. Тој смета дека тоа се коси со директивата 2011/95 на ЕУ.

Но, тој додава дека се сомнева дека ЕУ ќе излезе со остра реакција околу ова прашање.

-Не би ме изненадило бегството на Груевски да е во договор со разузнавачките служби на другите земји на ЕУ и на САД. Не гледам зошто инаку Унгарија би презела толкав ризик само за приватен случај како овој на Груевски, вели Јавор за МИА.

Бенедек Јавор додава дека ќе има обиди да се отвори случајот за дебата во Европскиот Парламент, но дека тоа ќе “оди тешко“, поради тоа што политиката на азил и припаѓа на земјите членки и е национална надлежност, а не европска, со што се ограничува можноста за европските институции да реагираат.

Една од можностите е да се отвори во рамките на извештајот на европратеничката Јудит Саргентини за состојбата со владеењето на правото во Унгарија или во Комисијата за надворешни работи (АФЕТ), но за сега ништо не е сигурно.

МИА/Фото: Груевски/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брисел нема коментар за барањето за екстрадиција на Груевски

Eвропската комисија „не може многу да направи тука“, но очекува дополнителни објаснувања од Унгарија за одлуката за азил на Груевски

Стејт департмент уште еднаш порача дека на Груевски треба да продолжи да му се суди во Македонија

Владиниот портпарол на Унгарија му кажа на Хан да го прочита неговиот извештај за Македонија

Земјите членки на ЕУ за сега без коментар: Хан ќе бара објаснувања од Орбан за азилот на Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија и земјите од регионот со најштетни последици по здравјето од загадувањето

Редакција

Финансиската полиција влезе во Град Скопје, Арсовска ги чека резултатите играјќи шах со Дедо Мраз

Редакција

Кривична за поранешна градоначалничка на Македонска Каменица

Редакција