еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Уникатни велигденски рецепти за модерната кујна

Црвените јајца, детскиот џагор и вербата во Бог се она што секоја година го одбележува големиот христијански празник Велигден. Ден кога секое домаќинство подготвува голема трпеза за дочек на најблиските за да се прослави Христовото воскресение.

И оваа година, кујните ќе замирисаат на топло печени лепчиња, различни торти, баклави и кадаифи.

Бојадисаните јајца гордо ќе стојат во секој дом, симболизирајќи го Христовото воскреснување и почетокот на новиот живот во православните домови.

По строгиот Велигденски пост, во недела посното мени се заменува со раскошна велигденска трпеза.

Модерните домаќинки во своите удобни кујни ќе приготват различни рецепти и вкусови, а многу од нив и ќе ги објават на социјалните мрежи.

Но, за успех на рецептите и прекрасен вкус на приготвените јадења, многу е важно елементите во кујната да бидат квалитетни и екстра лесни за ракување.

Неколку уникатни велигденски рецепти за модерната кујна на секое домаќинство, проследени со одличните Favorit апарати за домаќинство, можат да ги направат совршени јадењата, и по мирис, и по вкус.

За солени и лесни рецепти, но со огромна доза на уникатност, ги препорачуваме вкусните велигденски гнезда од компир.

Се приготвуваат екстремно лесно и брзо, а ќе ви бидат потребни шпорет од Favorit со квалитетни грејачи, светло во рерната и турбо вентилатор, миксер од Favorit чиишто маталки не ‘рѓосуваат, за да може да ве служи долги години во кујната, како и силиконски калап за печење.

Од состојки ви се потребни:

-2 дебели парчиња шунка

– рендани компири

– сол и свежо мелен црн бибер

– крем сирење

– ситно рендана кора од еден лимон

– 2 лажици млеко

– 1/4 чаша замрзнат грашок.

Ренданиот компир заедно со шунката ги ставате во еден сад и ги мешате заедно со солта и свежо мелениот црн бибер. Ги распоредувате во силиконскиот сад за печење и ги печете во Favorit шпоретот 20 минути, на 200степени.

Потоа во сад го ставате крем сирењето и ги додавате ренданата кора од лимон, млекото, солта и биберот. Сето тоа заедно го матите со квалитетниот миксер од брендот Favorit, кој што ќе направи одлична текстура на смесата за без проблем да ја ставите во шприц за шлаг.

Ги вадите одлично печените гнезда од компири од вашиот Favorit шпорет и ги полните со шприцот исполнет со крем сирење и лимон. Потоа ги ставате повторно на печење од околу 7 минути во Favorit рерната, ги вадите и врз нив украсувате со зрна грашок и шунка.

Добар апетит!

А за десерт, чоколадо. Чоколадото секогаш е радост за семејството. Кој не би сакал уникатен десерт со богат вкус на чоколадо? Вашето семејство ќе се израдува на чоколадните јајца полнети со омилениот сладолед или овошје.

Земете неколку мали балони, измијте ги убаво, избришете ги, а потоа надујте ги. Растопете чоколадо на вашиот модерен Favorit шпорет, кој што ќе му овозможи одлична температура на стопеното чоколадо, без да го промени неговиот вкус и ќе го стопи без згрутчувања, со одлична густина.

Потоа, потопете ги балоните еден по еден, до половината на секој од балоните, во што густото чоколадо. Потоа наредете ги на хартија за готвење и оставете ги да се изладат.

Одлично место за ладење е Favorit фрижидерот, кој нема да го исуши чоколадото, вкусот ќе биде задржан, а чоколадните јајца совршено оформени.

По стврднувањето, извадете ги од вашиот Favorit фрижидер, дупнете го полека балонот и отстранете го. Чоколадната „лушпа“ наполнете ја со сладолед или со вашето омилено овошје.

Велигден е секогаш посебен, па дури и во изолација. Најважно е да сме сите заедно дома, да јадеме вкусни јадења и да користиме квалитетни елементи за да ги приготвиме сите рецепти. За многу години Велигден!

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Нова Година топло време, температура до 16 степени

Редакција

Д-р Петличковски: Во Македонија од пред неколку недели доминира стелт омикронот, кој е позаразен

Редакција

Дизајн трендови: 2018 е година на експанзија на креативноста

Редакција