еМагазин
Image default
Локално

Уништени куќи: Попуштиле потпорните ѕидови при ископ за станбена зграда на улица „Алжирска“

На 09.05.2019 година во 20.15 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека на ул.“Алжирска“ бр.22, има ископ, предвиден за изградба на станбена зграда и дека попуштиле потпорните ѕидови, информира МВР.

Како последица на тоа имало свлекување на земјиште кое предизвикало оштетување на куќите на бр.24 и бр.20, како и дел од коловозот на ул.“Алжирска“. Утврдено е дека инвеститор на објектот во изградба е градежната фирма “Сити Билд“ ДООЕЛ од Скопје а на местото на настанот дошло и одговорно лице од фирмата Н. И. (37) од Охрид.

Од страна на полицијата доставено е и известување до одговорно лице од Општина Карпош за да го извести градежниот инспекторат од Општина Карпош со цел да се изврши проценка како на оштетувањата на куќите и коловозот, така и дали се превземени сите мерки за обезбедување на ископот.

По првичните проценки на тим од општина Карпош побарано е да се пренасочи сообраќајот по ул.“Алжирска“ на делот каде што е оштетен коловозот со најава дека во текот на утрешниот ден повторно ќе се излезе на местото на настанот за да се извршат дополнителни проценки.

Од страна на СВР Скопје извршено е фотографирање на оштетувањата, а од страна на ОБПС ќе биде поставена патрола за регулирање на сообраќајот на критичното место, се додека не се утврди дека тој дел од улицата е безбеден за сообраќај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекар од Итна медицинска помош нападнат во Кавадарци 

Редакција

Малолетници пукале со воздушна пушка на товарен воз, нема повредени

Редакција

20-годишното момче од Радовиш починало откако проголтало кокаин за да го скрие од полицијата и се предозирало

Редакција