еМагазин
Image default
Македонија

Јункер: Скопје и Атина да го направат тоа што историјата го бара од нив

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер ги повика Грција и Македонија да го завршат процесот за името во определените рокови.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција со романскиот претседател, Клаус Јоханис, Јункер изјави дека е „импресиониран од храброста“ на Зоран Заев и Алексис Ципрас.

-Ретки се оние кои пред историјата носат таква одговорност и би сакал овој процес да биде заклучен успешно и во определените рокови, можам само да ги охрабрам двете земји, двата парламенти да го направат тоа што историјата го бара од нив – изјави Јункер.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една третина од пријавните попишувачи се вакцинирани, а половина од останатите би се вакцинирале, вели директорот на Државниот завод за статистика Симовски

Редакција

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

Редакција

Продолжува судењето за „Титаник“

Редакција