еМагазин
Image default
Македонија

Управен суд одби 78 тужби поднесени од Левица

Управниот суд одби 78 од поднесените 101 тужба од Левица и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија (ДИК), информираат за МИА од Управен суд.

Левица поднесе вкупно 101 тужба до Управниот суд и тие се разгледуваат на повеќе јавни расправи закажани во текот на денешниот ден.

Освен по тужбите од Левица, денеска Управниот суд има закажано јавни расправи и по тужбите од Социјалдемократска Унија, МОРО – Работничка партија и Демократи, чии одлуки ќе бидат јавно соопштени по завршување на расправите.

Тужби имаат поднесено и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обноба на Македонија“ – две и Единствена Македонија и Коалиција „Никогаш Северна само Македонија” – една, за кои Управниот суд сè уште нема закажано јавни расправи.

Претходно денеска од Управниот суд, информираа дека тужбите поднесени од Интерга, Алијанса за Албанците и Алтернатива и едно физичко лице, се одбиваат како неосновани и се потврдуваат решенијата на Државната изборна комисија.

– Заклучно ден 22.07.2020 година, донесени се вкупно 77 одлуки од кои, 75 одлуки по тужби поднесени од тужителот Алијанса за Албанците и Алтернатива, една одлука по тужба поднесена од тужителот Интегра Македонска Конзервативна Партија, како и една одлука по тужба поднесена од тужителот Живка Арсовска и по истите донесени се пресуди со кои тужбите на тужителите се одбиваат како неосновани и решенијата на Државната изборна комисија се потврдуваат, информира Управниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Со право се отфрлени 1.500 приговори на Левица, оти си игравме „дрндупки“ за да ги соголиме дека немаат појма од толкување на правото

Одбиени сите тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива и од Интегра, потврдени решенијата на ДИК

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аеродром има над 700 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Редакција

515 заболени од коронавирусот без симптоми, 373 имале контакт со веќе потврден случај во државата

Редакција

Триесетгодишна велешанка по втор пат заразена со Ковид-19

Редакција