еМагазин
Image default
Македонија

Управниот суд ја отфрли тужбата на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во Ново Село

Управниот суд денеска ја отфрли како неоснована тужбата од ВМРО-ДПМНЕ, која се однесува на одбиениот приговор од Државната изборна комисија за гласачкото место 1789 во Ново Село.

Подносителот на тужбата, ВМРО-ДПМНЕ, бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори во законски определениот рок утврден со Изборниот законик.

На денешната јавна седницата во Управниот суд беше посочено дека немало забелешки за процесот на гласање кој траел до 19 часот, туку за сумирањето и утврдување на резултатите на ова избирачкото место.

Тужителот побара поништување на гласањето бидејќи Избирачкиот одбор не бил во можност веднаш по завршување на гласањето да го состави Записникот со правилен внес на податоците за искористени гласачки ливчиња и за лица потпишани во Избирачкиот список за тоа избирачко место.

Имено, било констатирано дека во Избирачкиот список се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија  претходно го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место, откако по службена должност го отвори гласачкиот материјал и по неколкукратно пребројување констатираше дека тој е во ред и оти бројот на гласачки ливчиња во кутијата се совпаѓа со бројот на избирачи што гласале.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1.277 лица кои починале од Ковид-19, 207 биле вакцинирани

Редакција

Пратениците за 5 години потрошиле речиси 3 милиони евра за патни трошоци, соопшти Антикорупциска

Редакција

(Видео) Новинар на Алсат М му даде леб и фискална сметка на премиерот, за му покаже дека нема намалување на цените

Редакција