еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Управниот суд ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни изборите

Управниот суд ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни избори и ги потврди решенијата на Државната изборна комисија (ДИК), откако денеска ги разгледа и одлучуваше и по последните четири тужби.

– Одлуките се одбивателни. Сите четири тужби коишто денеска беа разгледувани и одлучувано. ВМРО-ДПМНЕ две, една Демократи и една Единствена Македонија, тужбите се одбиени и се потврдени решенијата од ДИК, изјави денеска Ивана Смугреска од Управиот суд.

Пресудите коишто ги донесе Управниот суд се конечни, односно како што појасни Смугреска, против истите се нема право на жалба.

– Откако ќе бидат изготвени, верификувани пресудите истите веднаш се доставуваат до ДИК и до тужителите, односно до партиите. Роковите сега течат, не од понеделник, изјави Смугреска.

Појасни дека судечките совети нашле дека тужбите се неосновани, односно се судело врз основа на Изборниот законик, одредбите во Изборниот законик, така што во тужбите не може да се предлагаат нови докази, нови околности.

– Може да се предложат истите докази, факти и околности коишто биле предложени пред ДИК, тоа е предвидено во Изборниот законик, така што Управниот суд постапува во рамките на своите законски надлежности и нашол дека тужбите се неосновани, изјави Смугреска.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставен утврди дека Граѓанскиот суд и Апелација ги повредиле правата на новинарот на „Фокус“, Стојановски за известување за „27 април“

Редакција

Спасено лице кое скокнало кај Камени мост во Вардар

Редакција

Сите документи се спремни за увид за пожарот во Тетово, велат од Министерство за здравство

Редакција