еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Управниот суд пресуди во корист на Владата: Раскинувањето на договорот со „Сардич“ за Казандол е законито

Раскинувањето на Договорот за Казандол од страна на Владата според Уставниот суд, е законито. Судот донесе пресуда во корист на Владата во врска со рудникот „Казандол“, информираат од Владата.

Управниот суд, одлучувајќи по тужбата на тужителот „Друштво за експлоатација, преработка, и производство Сардич МЦ“ ДОО, увоз-извоз, Скопје против Одлуката на Владата од 27.3.2018 година, за едностран раскин на Договорот за изградба на рудник во локалитетот „Казандол“, како што се посочува, донесе пресуда одбивајќи ја тужбата како неоснована.

Во пресудата се вели дека Судот најде дека врз основа на правилно и целосно утврдена фактичка состојба, Владата правилно го применила и материјалното право, кога на тужителот „Сардич МЦ“ еднострано му го раскинала Договорот за концесија.

Причините кои се сметаат за основани е тоа што концесионерот во рокот од две години до денот на доделувањето на концесијата во смисла на членот 13, став 1 од договорот, не ги исполнил обврските да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50 проценти од експлоатираната руда и после две години од почнување со експлоатација на вториот рудник да изгради фабрика за производство на финални производи од катоден бакар со капацитет најмалку еднаков на годишниот капацитет на постројката за експлоатација на катоден бакар, стои во соопштението од Владата.

Овие факти, како што се наведува, се утврдени согласно законите за минерални суровини и за концесии и јавно приватно партнерство и Договорот за концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина-бакар, злато и сребро на локалитетот „Казандол“, општина Валандово, општина Богданци и општина Дојран, потпишан од Република Северна Македонија-Министерство за економија и тужителот „Друштво за експлоатација, преработка и производство Сардич МЦ“ ДОО, увоз-извоз Скопје од 27.2.2015 година.

„Владата останува на својот став дека ги поддржува инвестициите во земјата и создава клима за економски просперитет и квалитет, но исклучиво согласно утврдените законски норми и прописи“, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе банкротира доколку Владата ги загуби арбитражните постапки

Владата повторно ангажира адвокати: Осум Украинци поведоа арбитражна постапка против земјава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Триглав Осигурување“ склучи зделка со заинтересирана страна

Редакција

Убава вест: 23 оздравени од Ковид-19

Редакција

Граѓаните на Химара го избраа за градоначалник грчкиот кандидат кој заврши во притвор и ги скара Албанија и Грција

Редакција