еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Урсула фон дер Лајен избрана за претседателка на Европската комисија

Со тесно мнозинство, европратениците ја избраа Урсула фон дер Лајен за претседателка на Европската комисија, а денеска таа ќе поднесе оставка од функцијата министер за одбрана на Германија.

Таа важи за една од најблиските партнери на германската канцеларка Ангела Меркел.

Во нејзината биографија пишува дека на 13-годишна возраст се преселила од Брисел во Геманија сo семејството.

Учела економија во Лондон, а потоа и медицина во Хановер, каде што специјализирала гинекологија.

Специфичен личен податок за неа е што е мајка на седум деца, што денеска е реткост во Германија, но и во поголемиот дел од Европа.

Во кариерата извршувала повеќе високи раководни функции на локално и на сојузно ниво во Германија и била на чело на повеќе министерства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Урсула фон дер Лаин: Мајката на седум деца што го крши мразот во европската политика

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чист македонски јазик, историските прашања и протоколот не се дел од преговарачата рамка: Неофицијално што има во “францускиот предлог“

Редакција

Што е следно за Македонија на патот кон ЕУ и што добива земјата од тоа?

Редакција

ЕУ нема да воведе „ковид-пасоши“, идејата на Мицотакис не помина

Редакција