еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Љушев: Телеком ќе донира мобилен интернет за учениците од семејствата со социјален ризик

Телеком ќе донира мобилен интернет за сите 30.000 основци и средношколци кои доаѓаат од семејства во социјален ризик за да ги следат наставните програми на платформите за далечниско учење, определени од Министерството за образование и наука, до крајот на учебната година, најави денеска директорот на Македонски телеком, Никола Љушев.

Тој на денешната прес-конференција во Владата посочи дека далечинското учење е задолжително, но какао што рече, не сите деца ја имаат таа можност за да ги уживаат тие придобивки.

-Иако сме земја со фиксен интернет со пристап од околу 80-тина проценти од територијата околу 30.000 деца кои доаѓаат од семејства со социјален ризик или 18.400 домаќинства не се во можност да ја следат наставата.

Во соработка со МОН и МИОА одлучивме дека можеме да најдеме заедничко решение на овој проблем. Телеком ќе донира мобилен интернет за овие ученици што е еден чекор напред кон решавање на предизвикот за обезбедување еднакви услови за дигитална настава за сите деца, рече Љушев.

Тој нагласи дека како Телеком имаат одговорност да обезбедат силна и стабилна интерент врска, но и морална обврска да придонесат за вклучување на сите деца во образовниот процес во услови на вонредна состојба.

-Вклучувањето на ранливите категории во дигиталното општество за нас не е ново, но е приоритет во услови во кои единствениот пат по кој се движиме е онлајн, потенцира Љушев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи одговори на барањето на опозицијата, ќе присуствува на седница на собраниската Комисија за надворешна политика во петок

Редакција

Започна пописот

Редакција

РСЕ: Во нацрт-декларацијата на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија стои поддршка за проширувањето, но со ригорозни услови

Редакција