еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уште 2 лица починаа од коронавирусот: 18 нови случаи, вкупната бројка на заболени 259 лица

Две лица починале на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби како последица на Ковид-19, 91 годишен пациент и 31 годишен пациент.

Како што информираше денеска на прес-конференцијата министерот за здравство, Венко Филипче 91-годишниот пациент бил хоспитализиран пред осум дена, а изутринава починал и пациент на 31 годишна возраст, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата. Тој бил во тешка клиничка состојба и од вчера бил ставен на респираторна машина.

Изминатите 24 часа, како што информираше Филипче, има 18 новодијагностицирани случаи, со што вкупната бројка на дијагностицирани во земјава изнесува 259 лица.

Со новите случаи до денеска од Ковид-19 починале шест лица.

На Инфективната клиника, додаде тој, се примени тројца пациенти, од Скопје и од Куманово и во моментов таму има вкупно 49 хоспитализирани лица, од кои седуммина се со потешка клиничка слика, односно имаат пневмонија, а другите пациенти се во стабилна состојба.

Во моментов нема пациенти на респираторни машини.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Први случаи на заболени со коронавирусот во Струмица и Гевгелија

Директорката на Охридската болница, ќе биде разрешена поради случајот со почината жена од Струга

Македонец во Франција: Од дома излегуваме со лист на кој стои причината зошто мораме надвор

Вкупно се 19: Во кои објекти во Македонија се носат во државен карантин повратниците од странство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација ја објави СМС пораката која Рускоска за Јанева ја пратила на судија

Редакција

Минатата недела 1.558 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

Русковска: Има истраги за функционери за ИПА-фондовите и за други случаи, помеѓу кои и судија

Редакција