еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уште четири текстилни работнички од Штип заболеа од корона вирусот и едно лице кое не е поврзано со досегашните кластери

Новите 11 тестови што беа направени вчера, потврдија пет нови случаи на заболени од Ковид-19 во Штип, пренесува meta.mk.

Од новите пет позитивни случаи, четири се вработени во една иста конфекција, од каде веќе има две заболени работнички, потврдени во петокот и саботата. Новиот петти случај од денеска, нема врска со ниту еден претходен заболен и се смета за нов кластер, потврдуваат од Центарот за јавно здравје во Штип.

Со најновите четири заболени текстилни работнички, бројот на заболени во истата конфекција се зголеми на шест. Во конфекцијата извршена е дезинфекција на просториите во текот на вчерашниот ден.

Додека Центарот за јавно здравје врши нови тестирања, работниците денеска не се на работа.

Конфекциите и најновите бројки на заболени ќе бидат тема на разгледување на денешниот состанок на Општинските кризен штаб, потврди градоначалникот Благој Бочварски.

„Во текот на вчерашниот ден е разговарано со превозниците. Тие потврдија дека прават редовна дезинфекција на автобусите,“ изјави Бочварски.

Лекарите веќе изразија загриженост дека не само погоните, туку проблем се и автобусите, каде не се држи социјална дистанца.

Исто така целосно не се почитуваат мерки за време на паузите.

Денеска пред членовите на Општинскиот кризен штаб сите опции се на маса. Еден од предлозите е целосно стопирање на работата на дел од конфекциите, за кое време работниците ќе го искористат стариот одмор, но тоа ќе зависи и од ставот на сопствениците, кои деновиве се во потрага на нови договори за шиење на маски, главна дејност последните два месеца на штипските конфекции.

Мета/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем раст: 174 лица до 19 години во Македонија заразени со корона вирусот

9 бремени жени меѓу оздравените од корона вирусот во Македонија

Фамилијарни кластери во Скопје продолжуваат да го зголемуваат бројот на заразени со корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови рочишта за „Титаник 2“ и „Тревник“: Обвинети Тачи, Мијалков, Латас

Редакција

(Фото) Кои се другите лица од групата од Грчец по кои е распишана меѓународна потерница

Редакција

Гевгелиската болница ќе уреди уште едно одделение за ковид-пациенти

Редакција