еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уште две лица тестирани за короновирус, едното негативно, дополнителни тестирања за второто

Покрај пациентката кај која вчера беше потврден коронавирус, на Инфективната клиника во меѓувреме се тестирани уште две лица, кај едното е негативен резултатот, а кај второто парцијално позитивен и се прават дополнителни тестирања, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Едниот е возач на камион кој патувал преку северна Италија со симптоми на грип и неговиот тест е негативен, а вториот случај е жена која со сопругоит била на патување во Рим. Нејзиниот тест е само парцијално позитивен што може да биде вкрстена реакција од други вируси.

Затоа се прави дополнително тестирање за да се отстранат сомнежите. Резултататите ќе бидат готови за два часа, изјави Филипче.

Тој посочи дека пациентката со потврден коронавирус е во добра состојба и оти во меѓувреме се исконтактирани и ставени во домашна изолација и лицата кои биле во контакт со неа и со другите патници во комбето со кое се превезувале.

Се досега укажува дека лицата не биле во контакт со голема маса луѓе.

Како што најави Филипче, денеска во 13 часот ќе има состанок комитетот за координација на активностите заедно со припадници на МВР на кој ќе биде утврдено дали ќе продолжи домашната изолација за лицата или тие ќе бидат премесетни во центрите за изолација на инфективните одделенија.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АПЕЛ: Сите кои допатувале од региони со коронавирус задолжително да се јават на дежурните телефони

Во сабота во Струмица карневал, група со деца од Белград поради корона вирусот го откажа учеството

Колку сте повозрасен, толку повеќе корона вирусот е поопасен за Вас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Службениците биле корумпирани, а не министрите и директорите, тврди Заев

Редакција

Наместо со паметни телефони, ќе комуницираме со помош на очила

Редакција

За една недела 249 лица на возраст до 19 години заболеле со Ковид-19

Редакција