еМагазин
Image default
Бизнис

Уште еден неславен рекорд: Македонија главен извор на фалсификувани алкохолни пијалаци во ЕУ

Царинските служби во Европската Унија спречиле влез на фалсификувани и опасни производи на европскиот пазар во вредност од 740 милиони евра во текот на 2008 година, соопшти денеска Европската Комисија.

Од нив фалсификуваните алкохолни пијалаци во најголем дел доаѓаат од Македонија, додека Турција е главен извор на лажни козметички производи и парфеми како и на друг вид пијалаци.

Од Босна и Херцеговина највеќе пристигнуваат лажни пакувања, од Индија фалш информатички опреми, а од Камбоџа фалсификувани цигари.

Кинеските производи кои пристигнуваат на европскиот пазар и натаму најмногу ги прекршуваат европските правила на интелектуална сопственост, прецизира Европската Комисија.

Зголемен е бројот на фалсификувани мобилни телефони, тонери, и други производи од Хонг Конг.

Најчесто задржувани предмети на европските граници биле производите за домашна нега како лекови, играчки, и електрични направи во износ од 37 отсто, потоа цигарите со 15 отсто.

Од 57.433 во 2017 година, бројката на задржани производи на царина е зголемена на 69.354 во 2018 година.

Вкупно околу 27 милиони предмети го прекршувале правото на интелектуална сопственост.

„Царинските службеници ширум ЕУ успешно следеа и задржаа фалсификувани производи кои се често опасни за потрошувачите, нивната работа е дотолку потешка што расте бројот на мали пакувања кои влегуваат во ЕУ преку онлајн продажба“, изјави Пјер Московиси, еврокомесарот задолжен за економија, финансии и царина.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За три години, бројот на вработени во министерствата се зголемил за 540, а во општините за 154

Редакција

„Мермерен комбинат“ ќе подели бруто дивиденда од 22,8 милиони евра

Редакција

Исплатата на пензиите ќе започне од 26 ноември според висината на примањата

Редакција