еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Уште еден случај со потврден делта сој на вирусот во Велес, за уште четворица се чекаат резултати

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека во текот на вчерашниот ден бил потврден уште еден случај на делта сој на вирусот, a болниот се наоѓал во болницата во Велес.

Тој додаде дека денеска се чекаат резултати за уште четворица.

„Сите четворица се лекуваат овде во Скопје, а еден од нив е со потешка клиничка слика и е на респиратор, другите се во стабилна состојба. Скринингот кој се прави на тестовите се прави на сите тестови и ја исклучува британската варијанта.

Доколку се покаже дека не е британската варијанта се прави секвенционирање за да се покаже присуството на делта варијантата, а тоа сега се прави кај овие четири пациенти и до вечер ќе ги имаме резултатите,“ рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двојно поголем ризик за хоспитализација: Што е познато, а што се истражува во врска со делта сојот

Доктор Стевановиќ: Очекуваме зголемување на бројот на ковид-случаи по годишните одмори, невакцинираните да внимаваат на личната заштита

Фото: Photo by Louis Reed on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев и Мицотакис ќе се сретнат во Солун на маргините на „Thessaloniki Summit 209”

Редакција

(Галерија) Се одржаа 8. Твитер награди: Омилените твитерџии ги „покажаа“ ликовите

Редакција

Официјално: Рекордни 120 нови случаи на заразени со Ковид-19, во Скопје 67

Редакција