еМагазин
Image default
Балкан

Уште еден, трет за еден ден, член на Независни Грци, не го слуша Каменос

Пратеникот од Независни Грци, Танасис Папахристопулос, кој и во минатото јавно изјавуваше дека го поддржува Договорот од Преспа, во интервју за грчката телевизија ЕРТ, го повтори неговиот став дека откако ќе гласа за ратификацијата, ќе го отстапи пратеничкото место, јави дописничката на МИА од Атина.

-Пратеничкото место нема да го отстапам сега, бидејќи партиските линии не се над националните, тоа е мојата проценка. Но, од моментот кога прво ќе биде гласањето доверба, нешто што ми дава комоција, веднаш по Договорот од Преспа ќе го отстапам моето пратеничко место. Не сменив партија, рече Папахристопулос и објасни дека тој не сака да создаде никакви проблеми во пратеничката група на Независни Грци.

Пратеникот од Независни Грци ја оцени како добра и правилна одлуката на грчкиот премиер да побара гласање доверба од грчкиот Парламент.

-Правилен избор е тоа што премиерот бара доверба. Оваа влада треба да заврши со нејзината работа и гласањето доверба, според моето мислење беше неопходен предуслов и секако после е Договорот од Преспа. Мислам дека е правилен чекор што му дава право да оди на избори во октомври, рече Папахристопулос за ЕРТ.

Во изминатиот период, говорејќи за грчките медиуми, тој коментираше дека Договорот од Преспа е историски, треба да биде изгласан од грчкиот Парламент и мора да се затвори долгогодишното прашање меѓу двете земји.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каменос на мака: Преку Твитер го острани и заменик-министерот Кокалис од пратеничката група на Независни Грци

Независни Грци се распаѓа: По министерката Кундура и заменик-министерот Кокалис ќе ја поддржи владата на Ципрас

Каменос ја исклучи министерката Кундура од пратеничката група на Независни Грци, откако таа му даде подршка на Ципрас

Сите можни сценарија: Ќе се ратификува ли Договорот од Преспа во Грција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Медитеранската бура „Јанос“ направи пустош низ Грција: Двајца загинати, 619 спасени, уништени домови, поплавени улици

Редакција

Коѕијас: Да бев во грчката Влада ќе го потегнев Заев за уши и тоа преку НАТО, ЕУ и Нимиц

Редакција

Во Бугарија уапсен Романец во врска со убиството на новинарката Маринова

Редакција