еМагазин
Image default
Македонија

Уште една предреферендумска посета: Могерини утре во Скопје

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини утре ќе престојува во Македонија каде се очекува да има средби со македонскиот државен врв и со лидерот на опозцијата Христијан Мицкоски.

Како што информира попладнево владината прес-служба, Могерини утре ќе има средба со премиерот Зоран Заев, по што двајцата ќе дадат кратки изјави за медиумите во Турската Чаршија.

Високата претставничка на ЕУ ќе има средба и со претседателот Ѓорге Иванов, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Посетата е во пресрет на претстојниот референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат за договорот за името.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) Нова „бомба“: Милошоски и Јанкулоска договараат да се преврти камион со песок за да се блокират гласачи Албанци

Редакција

Новинарот Борјан Јовановски повика секој со својот џоинт да протестира пред Обвинителство за Моника

Редакција

Митко Јанчев најавува преземање на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција