еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Уште една трагедија: Пронајдено мртво момчето кое сакало да се разлади во Вардар

Момчето кое вчера околу пладне сакало да се разлади и влегло во реката Вардар кај демиркаписко Бистренци е пронајдено мртво, потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Јавен обвинител наредил обдукција на телото.

Со часови траеше потрагата по момчето од негови блиски и соселани, а крај Вардар присутна била и полицијата, се трагаше во водата и на брегот.

„Најверојатно е удавено, не знаело да плива. Ноќеска стотина лица го баравме до три часот изутрина. Синоќа неколку лица од селото нуркаа во водата, но не е најдено ништо. Сега од пет утрово повторно сме тука покрај реката. Триесетина сме, некои со гуми по водата, останатите се распоредени покрај брегот. Алиштата и телефонот му се најдени покрај реката“, изјавија утрово жители на селото.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Момче влегло во Вардар да се разлади кај демиркаписко Бистренци и не се вратило, се трага по него

Трагедија во Куманово: Почина 13-годишно девојче откако и паднала статива во Соколаната

Крвав крај на пресметка меѓу врсници: Малолетник убиен со нож во Лисиче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец сакал да тепа полицајци среде полициската станица во Кочани

Никола Осило

Мајката на Пино Секондо за неговото убиство: „Детето ми го убиле и го сокриле за животни да ми го распарчат“

Редакција

Додека Петре Шилегов вежба хумор: Крави пасат „ѓубре“ на Водно

Никола Осило