еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Уште само 5 дена за пријавување на ексклузивниот настан на АММ со Сем Вакнин

Асоцијацијата на менаџери на Македонија заедно со проф. д-р. Сем Вакнин ја подготви најуникатната тренинг агенда со светот. Воедно, на 24.11.2018, во Македонскиот народен театар во Скопје (МНТ) заинтересираните ќе можат да научат нешто што никој во светот го нема слушнато.

Поради интересот местата брзо се потполнуваат и Асоцијацијата на менаџери ги повикува сите кои не биле до сега во можност да се пријават, да го направат тоа на: [email protected]. Можноста за пријавување на тренингот полн уникатни совети се затвора на 23.11.2018.

Пријавените ќе присуствуваат на првиот тренинг во светот за бихејвиористички техники на продажбата. Користејќи ги овие методи, тие ќе можат да постигнат „Екплодирање на продажбата“, што е воедно и наслов на настанот.

Македонскиот народен театар ќе биде центарот на револуционерните техники на продажба. Таму проф. д-р. Сем Вакнин ќе оддели 6 часа за заинтересираните да можат да ги трансформираат своите кариери.

Неговата експертиза доаѓа од тоа што тој е професор по психологија на Федералниот Јужен Универзитет во Ростов на Дон во Русија и професор по финансии и психологија во SIAS-CIAPS (Центар за меѓународни напредни и професионални студии).

Проф. д-р Сем Вакнин има над 20 милиони прегледи на YouTube и истиот е избран да биде член во Организациони одбори, дури во 12 најважни интернационални конференции за психологија и психијатрија.

Покрај тоа има издадено неколку книги поради со кои го привлече вниманието на светот и поради кои се снимени 7 документарни филмови. Неговите интервјуа во CNN, New–York Times, Forbes, Financial Times, Prague Post, Sunday Times, Newsweek (Serbia), Flare, Vice, More Magazine, New-York Post, Washington Post, USA Today, UPI, NY Daily News, CNN-Oprah.com, Canadian TV, Metro Newspapers, Washington Times, Radio-Television Suisse (RTS), New Statesman, The Telegraph, MovieBETA, Oberösterreichische Nachrichten, и други, имаат оставено голем впечаток во експертската јавност, и сега Сем сржта на неговиот успех ќе ја донесе во Скопје. Повеќе за проф. д-р. Сем Вакнин има на: www.narcissistic-abuse.com/mediakit.html.

Со овој тренинг за секој му се отвораат вратите да се надмине себеси на професионален план, надградувајќи ги своите способности.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ ќе овозможи работилници против врсничко насилство и во Општина Виница

Редакција

Со NLB Smart POS, мобилниот телефон станува ПОС терминал

Редакција

(ФОТО) Царовска во посета на Бигорски манастир

Редакција