еМагазин
Image default
Македонија

Уште тројца од персоналот во болницата „Плодност“ во Битола позитивни на коронавирусот

Од болницата „Плодност“ од Битола преку нивниот Фејсбук информираат за уште три заболени лица од коронавирусот од персоналот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, д-р Таше Трпчевски повика на помасовно тестирање за коронавирусот

(ВИДЕО) Болницата „Плодност“ во Битола затворена, еден од докторите е заболен со коронавирусот

“Почитувани, еве повторно мора да се обратам во името на вистинта.

Бевме и ќе останеме транспарентни. Да нема дилеми. Не уште двајца, туку тројца од персоналот се позитивни на корона вирус од Болница „Плодност“.

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гиеколог и една медицинска сестра.

Анестезиологот и медицинската анестезиолошка сестра пред три дена само еден ден имаа температура и блага кашлица. Јас побарав да им се земат брисеви. Побрав да се земат брисеви и од неколку вработени кои кивнале.

Сакам да се земат брисеви од сите вработени. Институтот за јавно здравје прави проценка и не сака да земе на сите. Анестезиологот и медицинската сестра само еден ден беа фебрилни, сега се здрави и немаат ништо.

Барав за гинекологот кој е од Прилеп, а е кај нас вработен, заради тоа што има епидемиолошка анамнеза. Тој е позитивен (вчера попладне ми ја даде информацијата).Тој е асимптоматски носител.

Тие се најопасните како сите Вие кои што не знаете можеби дали сте таков носител„, стои меѓудругото во статусот на Фејсбук профилот на Болницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

51 од случаите со коронавирус се импортирани од надвор, 229 лица имале контакт со веќе потврден случај

Бројот на заболени здравствени лица со коронавирусот во Македонија порасна на 38

Сите детали: Најголем дел од новозаболените со коронавирусот се на возраст од 40-49 и над 60 години

Фото: Плодност/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Давидовиќ: УБК ги злоупотребила обвинетите од 27 април како заморчиња

Редакција

Пациентот од Тетово заболен од корона вирусот се лекувал во Заводот за рехабилитација во Козле

Редакција

Не можам да бидам конзул на Малта со сенка врз моето име, вели Анѓушев откако не е повеќе на таа функција

Редакција