еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Успех: Католичката црква во Македонија од византиски обред доби статус на епархија од Папата

Синоќа во Католичката катедрална црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица се одржа академија по повод прераснувањето на досегашниот Егзархат во Епархија на Католичката црква од византиски обред во Македонија.

Според д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и Епископ струмичко-скопски, тие први добиле статс на епархија во регионот.

-Сите наши соседни други држави практично имаат апостолски егзархат, а Македонија е прва која е препознаена од Светиот отец Папа за животот и живата црква во Република Македонија, рече поглаварот на Католичката црква во Македонија, Киро Стојанов.

Одговарајќи на новинарско прашање дали добивањето на статус на Епархија ги отвора вратите Папата да ја посети Македонија, бискупот Стојанов рече дека имаат голема желба Светиот oтец Папа да ја посети Македонија.

-Јас, како и сите други во Република Македонија, почнувајќи од самата црква, самите верници, па и државниот врв имаме желба да не посети Светиот oтец Папа. Сметаме дека крајно време е Светиот oтец Папа нас да не посети, но тоа е наша желба и не зависи само од нас, тоа зависи од Светиот oтец Папа. Но, ние во нашите молитви ќе се молиме Светиот oтец Папа да ја посети оваа наша татковина, Република Македонија, одговори бискупот Стојанов.

На академијата присуствуваше Префектот на Конгрегацијата за Источни цркви, кардиналот Леонардо Сандри, кој ги пренесе благословите од Папата. Тој ќе ја предводи утрешната Литургија и на неа ќе ги прочита декретите од Папата Фрањо за основање на Епархијата и именување и устоличување на д-р Киро Стојанов за Епархиски епископ на Католичката епархија „Успение на Пресвета Богородица Струмица-Скопје“.

МИА/Фото: Википедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кога Французин ја сака Македонија: Заљубен е во Охрид, доаѓа кон крајот на летото и го чисти езерото

Редакција

(Галерија) Новогодишна магија со култните автомобили „Буба“

Редакција

Поништено незаконското решение со кое Општина Битола се обиде да го присвои планинарскиот дом Копанки

Редакција