еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Успешен завршеток на четвртата хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

Пешачките патеки во градскиот парк во Скопје вчера беа претворени во атлетичарски патеки по кои децата со Даунов синдром и нивните другарчиња трчаа со цел да ги срушат бариерите и докажат дека сите спортисти имаат една заедничка цел, а тоа е да имаат еднаков пристап до спортот.

Од мечувалечкиот клуб „Ескрим“ кои четврта година по ред се јавуваат како организатори на трката велат дека годинава е постигнат рекорден број заинтересирани натпреварувачи, но и посетители дојдени да дадат поддршка на настанот.

Билјана Кузмановска која е дел од организацијата вели дека со ова се потврдува фактот дека спортот е од огромно значење за здравјето и социјализацијата на овие деца. Спортувањето рамо до рамо со децата со попреченост повеќе не е табу, а прифаќањето на ваквите дечиња во многу спортски клубови овозможува дополнителни успеси во областа на спортот во и надвор од земјата, додава Кузмановска. Таа изрази благодарност и до Град Скопје кој беше покровител на настанот.

Во нашата држава околу 10 проценти од населението се соочува со некаков вид на попреченост, а од информациите на Народниот правобранител од вкупниот број на деца кои посетуваат предучилишна установа, 1,19 отсто се деца со попреченост.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Вработените на Алкалоид донираа 1.050.000 денари за граѓаните со ретки болести

Редакција

(Фото) Мерка за почит: Маркетите „Гранап“ со подни знаци против корона вирусот

Редакција

ЕВН Македонија со три награди за безбедност и здравје при работа за 2020 година

Редакција