еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уставен поведе постапка за оценување на членот 11-а од дополнувањето на Законот за помилување

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година.

Овој член од Законот предвидува претседателот на Републиката да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон, при што претседателот не е должен да ја образложи одлуката.

Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување. Претседателот на Републиката е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето, да ја поништи донесената одлука.

Судот смета дека со Законот за дополнување на Законот за помилување се утврдува законски основ по кој даденото помилување може да се поништи, меѓутоа ваквото законско уредување излегува надвор од дадените надлежности на претседателот во членот 84 од Уставот и истото основано може да се доведе под сомнение по однос на членот 8, став 1, алинеа 3 од Уставот, бидејќи се повредува принципот на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните.

-Ваквото дополнување на Законот за помилување со кое се дава можност претседателот да го поништи веќе даденото помилување доведува до нееднаков третман до субјектите. Имено и претседателот согласно Уставот има право само да дава помилување, но не и да поништува, што значи дека Уставот не предвидува можност за повлекување на претходно даденото помилување, велат од Уставен суд.

Оттаму посочуваат дека во повеќе држави членки на Европската Унија од кои беше побарано мислење од добиениот материјал е констатирано дека во нивните законодавстава не постои можност за повлекување на даденото помилување.

– Имено одлуката за помилување што ја донесува претседателот e sui generis  акт, кој ниту е административен акт што би се оспорувал пред Управните судови, ниту пак нормативен акт што би можел да се оспорува пред Уставниот суд, посочуваат од Судот.

Оттука имајќи ја предвид направената анализа, како и меѓународната пракса, Судот смета дека со воведувањето на можноста за поништување на даденото помилување во оспорениот Закон основано со истото се доведува во прашање неговата согласност со принципот на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните на Република Северна Македонија предвиден од член 8, став 1, алинеа 3 од Уставот.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитерџиите за министерот Дураки: „Подобро да си ќутеше“

Редакција

Сведок на судењето за „Титаник“: Издавани лична карти на луѓе од Мала Преспа без постапка за живеалиште

Редакција

Обвинителството на Монако постапило по барањето на нашето за предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа

Редакција