Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка за оценување на уставноста на втората одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба, која истекува на 16-ти мај.
Уставните судии не поведоа постапка за оценка на уставноста и законитоста ниту за првата вонредна состојба, која ја прогласи шефот на државата.
На дневен ред на седницата закажана за во четврток, на 14 мај, уставните судии ќе ги разгледаат иницијативите во врска со полицискиот час, односно за забраната за движење во одреден периодот од денот, како мерка за заштита од корона вирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уставениот суд нема да ја оценува првата одлука на Пендаровски за вонредна состојба
Советот за безбедност одлучи да има уште 30 дена вонредна состојба
Фото: Уставен суд