еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Уставни измени: Дали притворот на Мијалков е причината за немирот на Али Ахмети?

Јавната расправа за нацрт-амандманите на Уставот кои произлегуваат од Договорот од Преспа заврши и Владата до утре треба ги сумира резултатите и предлозите од јавната и парламентарната дебата и до Собранието да достави финален текст на предлогот на амандманите.

Претсадетлот на Собранието Талат Џафери веќе најави дека за уставните измени ќе се гласа на 15 јануари, 2019 година, што значи дека следува еден месец на нови политички преговори и усогласувања, а посебно ако се земат предвид неколку настани што укажуваат дека на стаклени нозе е дво-третинското парламентарно мнозинство потребно за усвојување на измените.

Имено, осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со чии гласови се исполни двотретинското мнозинство за отворање на уставните измени гласаа „воздржано“ на последната седница од втората фаза за уставните измени во интерес на, како што рекоа, јавната дебата, но побараа поддршка за нивниот амандман кој ќе го гарантира националниот идентитет во Уставот.

Дополнително, деновиве лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека има немир, и дека се плаши овој процес да биде повреден од невнимание на институциите.

„Овој процес се уште е во развој и треба сите државни институции, законодавни институции, институциите кои ги спроведуваат законите, да бидат внимателни, да го чуваат од некоја надворешна инфламација, затоа што лесно може да се загрози имунитетот на овој процес“, рече Ахмети во интервју за Радио Слободна Европа.

Ахмети не сакаше директно да одговори на прашањето зошто е немирен, но ако се земе предвид дека ВМРО-ДПМНЕ го обвини Сашо Мијалков дека влијаел врз одлуката на осумте пратеници да гласаат за уставните измени, а тој сега се наоѓа во притвор по барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за случајот “Империја“ се поставува прашањето дали токму Мијалков е причината за немир на Ахмети односно дали тој се плаши дека поранешниот шеф на тајната полиција од притвор може да го замрси процесот на донесување уставни измени.

Сепак, до 15 јануари има доста време за ново пазарење, така што времето ќе покаже дали има оправданост стравувањето на Ахмети.

Фото: Фејсбук/ДУИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Имам немир бидејќи лесно може да се загрози процесот на уставни измени

Одбиена жалбата на Мијалков за притворот за „Империја“

Циркузот со уставните измени продолжува, исклучените пратеници од ВМРО ДПМНЕ сега демек воздржани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државниот завод за статистика купува автомобил за 16.500 евра

Редакција

Трамп повторно ја шокира Америка, зема лек за маларија како превентива од коронавирусот

Редакција

Косоварите низ Македонија транзитираат без ПЦР тест за Ковид-19

Редакција