еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Уставни измени: Името Македонија во Уставот треба да се смени 288 пати

Една од предвидените уставни измени со предлогот на Владата, кој пред пратениците ќе биде во понеделник е да се додаде придавката Северна пред името на државата, Македонија, што е една од главните точки на договорот за името со Грција.

Инаку името Македонија во македонскиот устав се спомнува 288 пати.

Што превидува предлогот на Владата

„Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.

Притоа, покрај општи услови и рокови за стапување во сила на амандманите кои ќе бидат врзани со влегување во сила на Договорот и ратификација на протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО во Парламентот на Република Грција, односно престанок на важење на амандманите во случај на невлегување во сила на овие два документи, за начинот на примена на овој конкретен амандман ќе има и посебни рокови.

Имено во согласност со договорот ќе биде утврден преоден период за примена на одредбата во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од органите на власт на Република Македонија“, пишува во предлогот на Владата.

Како тоа ќе се реализира

За реализација на оваа измена има два преодни периода: „технички“ и „политички“.

„„Техничкиот“ преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Република Македонија за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата.

Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува со истекот на нивното важење, но најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на договорот“, стои во предлогот на Владата.

„Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Република Македонија.

„Издавањето на ваквите документи и материјали ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантната област во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш“, стои во предлогот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе стане ли Македонија „Северна Македонија“: Кои други земји го смениле името

Милошоски по гласањето во собраниската комисија: Се покажа дека нема двотретинско мнозинство

Собраниската комисија изгласа да се почне со уставни измени

Сите детали од владиниот предлог за промена на Уставот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чулев се враќа на претходното работно место во Агенцијата за разузнавање: Поминавме низ турболентен период

Редакција

18 од 73. пратеници кои за патни трошоци наплатиле 360.000 евра имаат станови во Скопје

Редакција

Каков имот пријавил Зијадин Села, кој повторно е избран за претседател на Алијансата за Албанците од страна на неговото “крило“

Редакција