еМагазин
Image default
Македонија

Уставниот суд има оформено предмет за вработените во СЈО, нема за владината одлука за пари за високообразовни установи

По информации објавени од некои медиуми, Уставниот суд информира дека нема оформено предмети за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на Владата за доделување парични средства на одредени високообразовни институции од земјава, ниту досега е доставена иницијатива за оценување на нејзината уставност и законитост.

– По однос на Уредбата со законска сила која се однесува на вработените во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), информираме дека е оформен предмет по претходно поднесена иницијатива од политичка партија.

До денес, по овој предмет не е закажана седница на која би се разгледувал истиот. Истовремено нагласуваме дека за Уставниот суд е неприфатливо однапред да се шпекулира со исходот на било кој предмет, соопшти Уставниот суд.

Судот апелира до медиумите дека може да ги постават своите прашања до портпаролот на Судот или преку електронски пат на мејлот кој што е објавен на сајтот, со цел да се добијат веродостојни и точни информации.

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) На Апасиев му ја изгребале колата на собранискиот паркинг

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција

(Видео) Почна судењето против Латас и Лазаров, но рочиштето се одложи за 10 мај

Редакција