еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уставниот суд не ја прифати инцијативата за свикување на Собранието

Не постојат услови за прифаќање на иницијативата на судијата д-р Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 43/2020), едногласно одлучија судиите на Уставниот суд на денешниот работен состанок по завршувањето на XII седница на Судот.

-Ова е од причина што во случајот станува збор за пресудена работа што значи дека Судот веќе се изјасни за уставноста и законитоста на оваа одлука на Собранието во предметот У.бр.40/2020, на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, кога со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на нејзината уставност и законитост.

Притоа, тогаш во расправата беа земени предвид и околностите на кои се укажува со иницијативата, велат од Уставниот суд.

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма: Оркестиран напад на телевизијата од Ковачевски и Ахмети

Редакција

Утре изутрина завршува полициски час: Ќе има ли негово продолжување и зголемување

Редакција

ЗНМ и ССНМ: Итни субвенции по вработен новинар/медиумски работник во висина на минимална плата или ослободување од плаќање придонеси

Редакција